Бришат коментари на фејсбук страната и блокираат посетители кои поставуваат незгодни прашања а на сајтот има погрешен линк за фан фејсбук страна.
https://www.facebook.com/powerad.official/
Пример
На сајтот убаво пишува дека просечна кампања е помалку од 1 евро на 1 км
На вашите реклами има (на сликите) за скоро 2,56 км се добива 8,45 евра.
КАКО МОЖАТ ДА БИДАТ 2,56 км 8,45 евра !? или според сајтот тоа се 0,9х2,56=2,3 евра !
На една слика има дури и дека е 2 евра на 1 км !
- Зошто на сајтот НЕ пишува дека потенцијалната заработка (Partial,Panel,Full) е МЕСЕЧНА и може да изнесува НАЈМАЛКУ 100 евра.Испаѓа дека возачите работат за бесплатен плин и кафе и трошоците за гориво одржување како што е во вашата реклама.
- Возилото треба да стои секогаш спремно и налепено со реклами а вие повремено ќе се јавите кога ќе имате потреба или кампања ? Како одредувате кој ќе влезе во кампањата ?
Со претходно тестирање,понов автомобил или географска локација а другите ќе чекаат на ред со налепници кои не можат да се извадат ако не се оштети бојата ?
-Вие сте имале скоро 4000 регистрирани возачи во Македонија.
Зошто барате повеќе возачи ако сите тие се скоро 10 пати повеќе од потребниот број во Македонија особено што кампањите се повремени ?
Последен пат изменето од модератор: 10 Октомври 2019