Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Што е cloudflare и кои се неговите предности?

Дискусија во форумот 'ИБиз WebStart дискусија' започната од Аце, 10 Ноември 2019.

Tags:
  1. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,017
    Допаѓања:
    845
    Да речеме дека имате ваш блог или веб страна и сакате истата да ја прочитаат посетители од Америка, ама од друга страна истата е хостирана во некој дата центар во Македонија па така да додека се вчита истата во Америка би им било потребно малце повеќе време.

    Cloudflare е сервис кој нуди безбедност и подобри перфроманси на веб страните со тоа што одредени фајлови од вашата страна ќе бидат хострани на нивните дата центри за побрзо вчитување (попознато како CDN - Content Delivery Network). Cloudflare стартуваше во 2008 година, и денес е еден од најголемите CDN сервиси со над 190 дата центри во 90 држави.

    cloudflare-stats
    Брзината на вчитување е една од најбитните и најкритични фактори за вашата веб страна да биде успешна и да се рангира добро во резултатите на Google.

    Кои се бенефитите од кориестење на Cloudflare?
    • Подобрување на вчитување на веб страната
    • Намалување на искористеноста на сообраќај (bandwidth) на веб хостингот каде што е хостирана страната.
    • CDN - Content Delivery Network
    • Безбедност на вашата страна и DDoS безбедност од напади.
    • Бесплатен SSL сертификат*
    • SEO и друго.

    Подобрување на вчитувањето на веб страната се врши така што Cloudflare ќе ги зачува (најчесто) користените фајлови што страната ги прикажува, како што се: слики, видеа, скрипти и друго. Истата содржина се “кешира“ во дата центрите на Cloudflare па така да ако посетителот ја посети вашата страна од Чикаго, голем дел од вашата страна ќе му биде доставен до посетителот преку дата центарот на Cloudflare.

    Најдобар сликовит приказ би била анимацијата подолу каде што во 2та примери се прикажува пристапување на веб страната од повеќе различни локации без и со помош на Cloudflare.

    [​IMG]

    Намалување на искористеноста на сообраќај (bandwidth) на веб хостингот каде што страната е хостирана исто така е битен фактор доколку користите веб хостинг со ограничени ресурси или хостинг кој нуди pay-as-you-go услуги па така да со ова вие заштедувате на пари а и ризик вашата веб страна да биде недостапна поради искористен месечен сообраќај.

    Како што пишав погоре Cloudflare ќе ги зачува вашите најчесто користени фајлови на страната на нивните дата центри па така да вчитувањето на истите нема да се врши директно од вашиот хост туку преку Cloudflare.

    CDN или во превод „Мрежа на испорака на содржини“ е најбитниот дел кога се работи за оптимизација на вашата веб страна, и без CDN не би имале подобрување на вчитување на страната како и заштеда на интернет сообраќај од вашиот веб хостинг. CDN работи на начин со тоа што прави копија користените фајлови на вашата страна до сите дата центри на Cloudfalre, па така да содржината зачувана побрзо би се прикажала до посетители кои пристапуваат од различни локации во светот со тоа што Cloudflare ќе се обиде да им ја достави содржината од најблискиот дата центар.
    [​IMG]
    Лево е вашиот сервер, Десно е со помош на CDN (Cloudflare)​

    Cloudflare може да се пофали со најголема безбедност од DDos напади со тоа што истата ја нудат и во бесплатниот пакет. Тоа што за нас е битно е што Cloudflare може да ја заштити страната од малициозни ботови и напаѓачи кои веќе се познати на Cloudflare. Нивниот Web Application Firewall (WAF) нуди широк спектар на заштита од различни видови на напади.

    [​IMG]

    SSL сертификат е од голема важност во денешно време. Од Јули минатата година Google ќе ги прикажува страните како “не безбедни” во нивниот прелистувач Chrome, а доколку сакате да рангирате добро на Google резултатите тогаш SSL и тоа како е задолжително. Cloudflare нуди Бесплатен SSL сертификат но доколку имате ваш сертификат, истиот може да го прикачите на Cloudflare.

    [​IMG]

    Cloudfalre нема да ви наштети на вашата веб страна кога се работи за „оптимизација на веб пребарувачи (SEO)“ напротив од Google велат дека “користењето на CDN е од корист и за веб страната, но и за веб пребарувачите“. Сите овие точки погоре се дел од факторот за рангирање на Google така да и тоа како ќе ви бидат од корист.
     
    Последно изменето: 10 Ноември 2019
    На Conan, Ilishev и Ace им се допаѓа ова.
  2. dreamer

    dreamer Активен член

    Зачленет:
    3 Мај 2012
    Мислења:
    290
    Допаѓања:
    94
    Професија:
    3D Modeling
    Ми дозволи 5 сајта да регистрирам бесплатно... До каде е лмитот? Или овие free samples се само одреден период или одредена брзина.. ?! :D
     
  3. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,017
    Допаѓања:
    845
    Јас имам преку 30 на мојот Cloudflare, Free пакетот нуди неограничено страни, освен ако за нови акаунти да има нови лимити. Ако не ти е проблем сподели Screenshot.
     
    На dreamer му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: