Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

RPM Partnership - Детално објаснето!

Дискусија во форумот 'Youtube' започната од FilipD, 4 Мај 2013.

  1. FilipD

    FilipD Активен член

    Зачленет:
    4 Мај 2013
    Мислења:
    220
    Допаѓања:
    78
    Значи пред се да се представам нов сум на форумов, па решива да напишам така поголема тема да помогнам и јас малце. Ќе се обидам да разјаснам се за како да стананете партнер,кој би можеле да ве прифатат,кои се вашите придобивки и ред други работи.
    Прво треба да изберете некоја компанија во која ќе аплицирате. За да ве прифатат гледаат повеќе работи, меѓу тоа најважни се 2 работи. Број на сабскрајбери на вашиот канал и дневни прегледи. Бројот на дневните прегледи можете да го проверите на следниов линк. (socialblade.com)
    Доколку имате ептен развиен канал можете да аплицирате во поголеми копании во кој имате повеќе предности.
    До доколку имате канал со по 500 прегледни дневно, можат да ве примат во RPM.
    Јас сум партнер со нив, и искрено не сум многу задоволен. Е сега што може RPM да ви донесе вас и што ќе ви одземе за тоа... Со станување партнер со RPM вие добивате пристап кон многу звучни ефекти и музика ( иако можете и на гоогле да најдете...) кој треба да ги кредитирате во дескрипција на секое ваше видео, потоа можете да заработите повеќе со нивните премиум реклами, имаат соодветен форум за сите нивни партнери и имате можност за youtube банер и custom thumbnails (со новиот layout не ви треба банерот и сега custom thumbnails се добиваат само што ќе направите канал и вклучите монетизација) Од прилика тоа е се што ќе добиете од RPM важно е тоа што секоја содржина што е направена од вас ( пр. правите гејмплеј од некоја игра и во истата зборувате) ви е одобрена за монетизација, додека ако сте само со адсенсе тоа е премногу тешко речиси невозможно.
    За се ова RPM ќе ви зима 40% од се што заработувате. Има 3 различни договори за секој канал. На некој распределбата е 50/50 на некој 60/40 и на некој 70/30, се зависи од вашиот канал. Знам дека звучи глупо но мислам дека е подобро на некој начин да станете партнер бидејки јас од кога станав партнер со нив заработувам повеќе од него ли кога бев со адсенсе. Плајќањето се врши по следниов принцип: Се што сте заработиле во април ќе ви биде платено во јуни и се така.
    И за на крај сакам да кажам нова работа кај RPM, тоа се реферали... Нема да земете кој знае колку пари од нив сепак се добра работа. Принципот е следниов, секој партнер што ќе се регистира под ваш линк станува ваш реферал и сега кога тој ќе биде платен вие ќе земете 10% од 40% на RPM. Пример: Ако вашиот реферал земе во месецот 100 долари RPM ќе земе од него 40%/50%/30% во зависност од договорот за пример да земеме 40% тоа се 40 долари и вие ќе земете 10% од тие 40долари.Кажав дека не е некоај голема пара...
    Доколку станете партнер со RPM ќе треба да подпишете договор на 1 година,одкако ќе подпишете нема назад... *Еден месец пред крајот на договорот треба да им пратите емаил дека сакате да прекинете со нив. Доколку не им пратите автоматски ќе го продолжат*

    Па тоа беше се од мене. Незнам дали напишав се како што треба ако има некоја грешка нека ме поправи некој.
    Доколку сте заентересирани за аплицирање би можеле преку мојот линк (Вие не сте во загуба ништо! Само јас имам некој долар плус...)
    Еве линк:​
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    Со среќа на сите!​
     
    На dreamer, stefan_v, besy и уште 1 член му се допаѓа ова.
  2. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,974
    Допаѓања:
    815
    Одлично објаснето!
    Рефералот е кодиран, сите линкови треба да бидат кодирани освен оние кои се од ИБиз.
     
    На FilipD му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FilipD

    FilipD Активен член

    Зачленет:
    4 Мај 2013
    Мислења:
    220
    Допаѓања:
    78
    Фала Аце, очекувајте повеќе од мене во наредниов период :)
     
    На Аце му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,974
    Допаѓања:
    815
    Патем ти го погледнав каналот доста добар ти е направен и ми се чини дека ти си еден од ретките кои се бават со YouTube онака да речам на професионален начин. keep going..!
     
    На FilipD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. talevskiboss

    talevskiboss Активен член

    Зачленет:
    31 Јули 2012
    Мислења:
    336
    Допаѓања:
    172
    Професија:
    CPA Affiliate & Photoshop Designer
    А дали има некоја друга компанија како RPM, и дали ако сум партнер со RPM ќе мора да ставам нови видеа или ќе можам и од претходно ставените да заработувам?
     
  6. CofD

    CofD Активен член

    Зачленет:
    5 Декември 2011
    Мислења:
    202
    Допаѓања:
    28
    Дали знаеш дали може да се регистрирам со различни податоци на каналот и на РПМ? На пример името на каналот ми е некое фејк (измислено), а на РПМ да го внесам точното име...
     
  7. FilipD

    FilipD Активен член

    Зачленет:
    4 Мај 2013
    Мислења:
    220
    Допаѓања:
    78
    Ќе можеш да заработуваш и од новите и од старите.
    Името на каналот нема врска, во RPM треба да внесеш точно име.
    --- Надополнето, 4 Мај 2013, Дата на објавување: 4 Мај 2013 ---
    Фала за подршката!
     
    На stefan_v и CofD им се допаѓа ова.
  8. s.a

    s.a Член

    Зачленет:
    7 Мај 2013
    Мислења:
    36
    Допаѓања:
    15
    кои се опциите за исплата ?.. колку е CPC со овој network ? и ако не е тајна дај линк од твојот јутуб канал да видиме што работиш/
     
    На kiko му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FilipD

    FilipD Активен член

    Зачленет:
    4 Мај 2013
    Мислења:
    220
    Допаѓања:
    78
    Па вака има 2 начина. Преку пејпал и преку чек. Минимум треба да направиш 50 долара за да ги извадиш. Што се однесува до CPM стално е различен меѓу тоа не сум добил помал од 2$ а сум имал и до 15...
    Еве линк од мојот канал
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
     
  10. s.a

    s.a Член

    Зачленет:
    7 Мај 2013
    Мислења:
    36
    Допаѓања:
    15
    Те прашав за CPC брат, ( cost per click )... пошто кај јутуб каналите кои се монетизирани со адсенс никогаш нема CPC повисок од €0.04 ..
     
  11. Колман

    Колман Активен член

    Зачленет:
    5 Мај 2012
    Мислења:
    182
    Допаѓања:
    100
    Океј вака, имам неколку прашања.

    Одамна мислам дека го поврзав мојот акаунт со РПМ. Пред некој ден проверив и видов дека монетизирал некои видеа
    Untitled
    Е сега ме заинтересира да пробам да се впуштам посериозно во ова, дали се исплаќа? Дали има и други компании со подобри/ слични услови и кои услови треба да ги исполнувам за да ме примат.

    И она најбитното како оди плаќањето, и колку се заработува да рееме од 1000 прегледи. За сума од околу 100тина долари месечно, колку прегледи треба да се добијат?
     
  12. FilipD

    FilipD Активен член

    Зачленет:
    4 Мај 2013
    Мислења:
    220
    Допаѓања:
    78
    За виевс од МК нема да земеш ништо. Буквално ништо...
    Плајќање имаш преку чекови и преку пејпал... Иначе со чековите од РПМ поточно Мaker Studios дека така пишува на чекот, немаш проблеми како со чековите на адсенс... Мене ми ги примаат у Велес без проблем у НЛБ а за адсенс морам да идам до скопје xD
    За сума на 1000 виевс се вика CPM... Кост пер мајл, иначе стално е различно. Варира... Исто и од видеата зависи, јас имам некаде од 8 до 10 долари.
     
    На Колман му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: