Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Fiverr заработка

Дискусија во форумот 'Различни методи на заработка' започната од Аце, 26 Октомври 2011.

  1. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,929
    Допаѓања:
    792
    Што е Fiverr?
    Fiverr е револуционерен нов веб сајт кој постои веќе 1 година и има едноставен концепт:
    Корисниците споделуваат се што може тие да направат за 5$
    Од пеење на песни до дизајнирање на логоа и интро видеа, апсолутно се може да се најде само е потребна креативност. Доколку разгледате подетално ќе забележите дека има стварно креативни луѓе кои навистина заработиле.

    Се регистрирате на сајтот, откако ќе го активирате вашето корисничко име на ред е да го средите профилот со давање на кратко био за вас и пожелно е да има фотографија (немора да е од вас).

    Креирање на Gig (оглас) е едноставно, се што треба е да бидете креативни и да им понудите на купувачите нешто за 5$.
    Уредувањето на Gig-от е многу важно! Треба да изберете добар наслов кој мислите дека поситетлите ќе ве одберат токму вам. Во насловот може да имате само еден збор со големи букви, тој збор нека биде најдобриот кој ќе го опишува вашиот Gig.
    Пример за добар наслов: I will give 200 guaranteed REAL facebook likes for 5$
    Пример за лош наслов: I will give 200 fb likes for 5$
    Па така да посетителот кој сака да го купи твојот Gig ќе знае дека тие лајкови кои ќе ги добие на неговиот сајт или фан страна ќе “бидат’“ од вистински фејсбук корисници а не од некои ботови или профили кои немаат пријатели.

    Ја избирате категоријата во која вашиот оглас треба да стои.

    Описот исто така е од голема важност, пишете колку можете повеќе за вашиот Gig ама тоа да не биде колку само да биде пишано, обидете се на убав јазик и да го привлечете посетителот да го одбере токму вашиот Gig со тоа што ќе го убедите во овој опис. Имате максимум 450 карактери.

    Делот Instructions to Buyer треба да стојат вашите инструкции за купувачот што ќе го купу вашиот Gig. Тоа што е потребно за да ја завршите таа работа треба да го пишете тука.
    Пример: Hello Fiverr user, Thanks for ordering my gig! Please provide me information with your fan page or web site where you my 200 Real facebook likes. Thanks {Името Ваше}
    Откако посетителот ќе го купи вашиот Gig ќе му се појави текстот кој го пишавте во инструкции и ќе ви врати одговор на истиот. Текстот нека биде на културен начин како во примерот затоа што на крајот купувачот има можност да остави фидбек на вашиот Gig и доколку не биде задоволен може да го оцени како лош, а со тоа вие губите, затоа комуникацијата нека ви биде на високо ниво.

    Во делот тагови треба да ставите зборови кои највеќе го опишуваат вашиот Gig и зборови кои мислите дека посетителот ќе бара некој сличен збор.
    Да речеме дека јас сум посетител на Fiverr и сакам да купам лајкови, да не се губам низ страната ќе пишам во срчот Facebook likes и ќе ми се појави листа на Gigs. Така да вие во Tags ќе ги пишете зборовите од вашиот Gig одделени со ,
    Пример: facebook, likes, fans, page, fanpage, website, blog, traffic, social, marketing, like
    Што повеќе тагови тоа подобро, затоа искористете го максимумот на дозволени тагови.

    Потоа делот каде што треба да вметнете за колку дена ќе ја завршите работата и ќе му ја доставите до купувачот. Бидете внимателни доколку времето помине а вие не му ја доставите тоа што има купено тој може да ја прекине нарачката со тоа што нему му се враќаат парите а на вашиот фидбек стои дека сте задоцниле со испораката на Gig-от. А тоа е многу лошо и секако вие губите.

    Додавањето на слика треба да биде поврзано со вашиот Gig. Одберете 3 слики кои ќе го опишат вашиот Gig. И секогаш прикачувајте 3 слики.

    На крај зачувајте го вашиот Gig и доколку е се во ред Fiverr ќе го прикажи на вашиот профил одма. Има случаеви каде што јавува дека таков Gig веќе постои па така да промени малце во делот Tags или избришете ги па потоа откако ќе биде објавен Gig-от пишете ги таговите со едитирање на истиот.

    Fiverr дозволува и прикачување на видеo па така да доколку имате видео изработено можете да го прикачите на вашиот Gig. Верувајте ова е ќе ви донесе дупло повеќе профит! Еве пример за Gig каде што има видео линк 100% успешен и 1336 купувања досега. А верувајте доколку вашиот Gig е доста добар и има активност може да биде одбран од Fiverr и да биде ставен на прва страна како Featured а со тоа вие сте и Top Rated Seller и ќе имате доста многу привилегии...

    Откако веќе го подготвивте вашиот Gig одвоите малце време да го споделите на социјалните мрежи како и букмарк сајтовите, верувајте тие носат доста многу посетители.
    Повеќе посетители = Повеќе купувачи.

    Максимум може да имате 20 Gigs! 5$ е за обичен Gig од кои 4$ одат за вас а 1$ за Fiverr.
    Откако ќе го доставите Gig-от се чека 14 дена и потоа парите можете да ги повлечете на вашата PayPal сметка.

    Тоа е тоа, комплетно објаснето. Доколку имате некакви прашања слободно пишете во темава.
     
    На FilipD му/ѝ се допаѓа ова.
  2. O_x

    O_x Нов член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    18
    Допаѓања:
    0
    Само да те надополнам дека може да се користи ова со clickbank.com.
    http://www.youtube.com/watch?v=f1B_RHw57C8
    Овде може како да се прави пари на clickbank.com со користење на услуги од fiverr.com
     
  3. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,929
    Допаѓања:
    792
    На fiverr има доста добри огласи со кој за 5 долари можеш да го промовираш твојот clickbank продукт. Повеќето го користат за такви намени. Јас имам оглас за твитер followers и баш еден ми го имаше купено тој оглас за да тие акаунти ги спамира со линк до некој негов продукт, паметно :)
     
  4. BraneMKD

    BraneMKD Нов член

    Зачленет:
    10 Ноември 2011
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    Јас работам со Fiverr и имам заработено околу 1500$ за неколку месеци.
    http://fiverr.com/branemkd
    Видете што имам постирано гигови па ако му треба на некој помош за нешто ке му објаснам.
    Да пројдат колоквиумите па ке објаснам се подетално :)
     
  5. Nakolce

    Nakolce Активен член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    510
    Допаѓања:
    84
    Професија:
    Електротехничар
    Јас мислејки дека можам заглавив со Fiverr. Имам рок до сабота навечер да регистрирам 25 е-mail адреси со различно IP. Помислив со парите што ги имам на Microworkers да направам кампања од 30 работи и да завршам брзо. Но Microworkers ми бараат да ставам 10 долари од alert pay,paypal,skrill за да можам да ја активирам кампањата.
    Сега се што правам е креирам е-маил адреса се регистрирам. запишувам ip и меил. Дисконектирам, пак конектирам и истото.... Нема смисла да ја испуштам првата работа која ми ја дадоа...
     
  6. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,929
    Допаѓања:
    792
    Користи и
    Код:
    Мора да имаш 5 мислења за да го погледнеш линкот. Моментално имаш 0 мислења.
    како и веб прокси страни...
     
  7. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Јас имам само еднаш заработено од тука, и тоа не 5 туку 4$ ... дали не им требаше толку тоа што го понудив дали не беше во ред тоа што го нудам ... а нудев се у фотошоп за 5$ :D еден побара му чистев фризерски салони и фокусирав слики на кои има личности :)
     
  8. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,929
    Допаѓања:
    792
    Се гледа дека не си го прочитал комплетно првиот пост, се надевам во иднина ќе читаш пред да постираш одговор.
     
  9. Nakolce

    Nakolce Активен член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    510
    Допаѓања:
    84
    Професија:
    Електротехничар
    Јас вчера ја завршив првата работа на Fiverr. Сега чекам да поминат 14 дена за да ја извршам мојата исплата. Бидејки многу луѓе имаат докажано дека fiverr исплаќа слободно можам да кажам дека ми тргна заработката на интернет.
    [​IMG]
     
    1 person likes this.
  10. томче

    томче дизајнерче

    Зачленет:
    8 Септември 2011
    Мислења:
    391
    Допаѓања:
    22
    Професија:
    ништо
    ајде честито, па да си ги земеш парите, да видиш после тоа како поинаку се размислува и повеќе те мотивира :number1:

    и да го частиш аце една голема кригла пиво
     
  11. Nakolce

    Nakolce Активен член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    510
    Допаѓања:
    84
    Професија:
    Електротехничар
    Аце си ја заслужи криглата оддамна. Само се чека моментот.. Прво да ги подигнам парите. Сега ке поднесам за вадење на картичка па ке чекам исплата.
     
  12. Seophisticated

    Seophisticated Истакнат член

    Зачленет:
    4 Ноември 2011
    Мислења:
    194
    Допаѓања:
    51
    Секогаш исполнувајте го максимумот дозволени гигови на профилот.

    Доколку можеш да понудиш само една услуга на fiverr, тогаш направи 20 гигови за истата. Бројот на нарачки значително ќе се зголеми.

    Вие цело време ќе работите, а парите цело време ќе си се расчистуваат и ќе си вадите по 50-100$

    Fiverr мотивација:

    [​IMG]
     
  13. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,929
    Допаѓања:
    792
    Fiverr со нови промени Mission Control промени во Buyer и Seller делот како и кај пораките! Повеќе може да прочитате тука. Искрено сега е многу попрегледно и попрактично за работа! Ми се допаѓа што Fiverr изненадува со овие промени! Прекрасно изгледа овој Wide дизајн.
     
  14. Nakolce

    Nakolce Активен член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    510
    Допаѓања:
    84
    Професија:
    Електротехничар
    Кај ги најде цифриве???
    Ова ми даде огромна мотивација.. останав цела вечер креирајки еден ист гиг.

    Споено мислење

    Бидејки неможам да го едитирам погорниот опст.. Ке прашам во нов :D

    Дали после секој продаден гиг де чека 14 дена па да се подигнат парите или само после првиот?
     
  15. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,929
    Допаѓања:
    792
    По завршувањето на секој продаден gig треба да се чека 14 дена.
     
  16. Seophisticated

    Seophisticated Истакнат член

    Зачленет:
    4 Ноември 2011
    Мислења:
    194
    Допаѓања:
    51
    Еден огромен совет !!!

    Кога нудите квалитетна услуга на fiverr, доколку дојдете до купувач кој ќе биде заинтересиран за повеќе од една нарачка. Во следниот фајл што ќе му го пратите наведете контакт детали за да можете да дискутирате надвор од fiverr системот. Директни контакт информации во пораките не се дозволени.

    Со тоа што ќе продолжите да соработувате со купувачот надвор од fiverr, останувате со +1$ од секоја нарачка поради тоа што немате камата од fiverr и после секој пратен продукт на купувачот ќе го замолите да ви плати директно на paypal, и парите да ги прати како подарок (gift), така ќе бидете поштедени од тоа 14 дневно чекање за да ги извадите на paypal па уште 5-6 дена чекање додека да ви легнат на сметка.

    ;)

    Се најдобро!
     
  17. kris

    kris Нов член

    Зачленет:
    19 Ноември 2011
    Мислења:
    25
    Допаѓања:
    6
    На кој начин ги добивам парите преку Fiverr. Членот пред мене спомна Pay Pal, а нема во Македонија. Некое подетално објаснување за тоа?
     
  18. томче

    томче дизајнерче

    Зачленет:
    8 Септември 2011
    Мислења:
    391
    Допаѓања:
    22
    Професија:
    ништо
    па иако нема paypal во мкд, сепак не ти ништо забранува да креираш акаунт (само нема да ти биде верифициран)
    а парите може да си купуваш со нив, пр од ebay,...
     
  19. томче

    томче дизајнерче

    Зачленет:
    8 Септември 2011
    Мислења:
    391
    Допаѓања:
    22
    Професија:
    ништо

    јас пробав така и добив strike 1 (прво предупредување)
    мејлот му го пратив во пораката за испорачување, и немаше она @ .. беше од формат mejl[at]domejn[dot]com

    али од сега ке знам и ке пазам, и патем прееска ги подигнав првите пари од фивер и одма потрошив на ибеј :juggling:
    ке видам и проучам убаво па може и поактивно да почнам и да објавувам/заработувам од фивер

    колку за инфо немојте одма 2-3 гига и да ги подигнете парите оти и пејпал ке ви земе мала провизија
    моја препорака на некои 50+ долари да си ги подизате
     
    1 person likes this.
  20. Seophisticated

    Seophisticated Истакнат член

    Зачленет:
    4 Ноември 2011
    Мислења:
    194
    Допаѓања:
    51
    контакт информациите ги додаваш внатре во атачмент, текст документ или слично :)

    Можеш и да му сугерираш во пораката околу атачментот.
     
    1 person likes this.

Сподели: