Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Туторијал: Како до .gov и .edu backlinks за вашиот сајт без SEO алатки!

Дискусија во форумот 'BlackHat дискусија и техники' започната од Аце, 25 Ноември 2011.

  1. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,967
    Допаѓања:
    809
    Овој метод е познат и е многу едноставен, јас истиот го продавам на fiverr за тие кои не знаат :)

    Зашто .edu и .gov?
    Google ваквите сајтови ги смета како high authority websites што значи дека секој објавен линк на ваквите сајтови им дава повеќе важност отколку истиот линк да биде објавен на .com или друго.
    Фирми плаќаат за нивните линкови да се најдат на некои од .edu или .gov веб сајтовите.
    Еве еден успешен gig на Fiverr кој е продаден 4250 пати!!: stormchaser: I will create 50 edu and gov links to your website for $5 on fiverr.com
    Најчесто луѓето овој процес го автоматизираат, т.е користат алатки кои самите submit-ираат на сајтови .edu .gov сајтови, во мојов туторијал ќе ви кажам како да дојдете до .edu или .gov сајт без користење на никаква алатка.

    Се што треба да направиме е да одиме на Google.com

    site:edu inurl:blog “leave a comment” -”comments closed” -”you must be logged in to comment”

    site:edu - Google ќе ни даде само резултати од .edu сајтови
    inurl:blog - Google ќе ни даде само резултати од .edu сајтови кои имаат блогови
    “leave a comment” - Google ќе ни даде само резултати од .edu блогови кои имаат форма за коментирање
    -”comments closed” - Минусот што е значи дека Google нема да објавува резултати од блогови каде што коментарите се затворени.
    -”you must be logged in to comment” - Не ни требаат сајтови каде што мора да се најавиме за да коментираме, затоа ставаме - пред " со тоа Google нема да ни дава резултати од сајтови каде што треба да се најавиме за да коментираме.
    Океј, ова е накратко објаснето тоа што е напишано со црвено. Вие може да експериментирате значи кај site: може да ставите gov,net,com,info и друго, едноставно може да миксате за да дојдете до добар резултат.

    Еве пример како би изгледало кога би требале да го користиме за Ibiz.mk :)
    Ако пребарам на Google со следново:
    site:edu.mk inurl:blog “leave a comment” -”comments closed” -”you must be logged in to comment” ќе ми извади неколку резултати. Мене ми извади само 3, ќе го изберам првиот резултат од пребарувањето: http://goo.gl/xXP3B ако забележавте постот на сајтот има околу 300 коментари кои немаат врска со постот но се објавени и повеќето имаат линк од некој сајт.

    Доколку објавувате некој коментар пожелно вашиот линк да биде Anchor Text т.е има текст кој ќе биде линкуван.
    Како на пример: <a href="www.ibiz.mk">Интернет Бизнис Македонија</a>
    [​IMG] со ова им помагаме на пребарувачите подобро да го препознаат коментарот.

    Доколку објавувате во некои сајтови каде што коментарите се модерираат можно е истиот да биде избришан од администраторот, па затоа најдобро е барем малце да биде поврзан со темата во која го објавувате со тоа ќе избегнете бришење на вашиот коментар и истиот нема да изгледа како spam.

    Доколку сакате да пребарувате по keyword се што треба да направите е да додадете само уште едно inurl:"Keyword"
    Код:
    inurl:marketing site:edu inurl:blog "leave a comment" -"comments closed" -"you must be logged in to comment"

    Доколку нешто не е јасно слободно пишете!
     
    На Ilishev му/ѝ се допаѓа ова.
  2. silfiriel

    silfiriel Нов член

    Зачленет:
    7 Ноември 2011
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    8
    Професија:
    Internet survivor
    ова не го знаев, ќе морат да поработам малку на техникава денојве :)
    баш ќе видам на македонскиве страници шо ќе можам да напишам...
     
  3. Zeratul

    Zeratul Член

    Зачленет:
    15 Март 2012
    Мислења:
    91
    Допаѓања:
    16
    Професија:
    Интернет Маркетинг и СЕО
    Еве уште еден начин како до неколку бесплатни линкови:

    "powered by blogengine.net"+“leave a comment” -”comments closed” -”you must be logged in to comment”

    ама многу е досадно рачно да билдаш линкови :doh:
     
  4. besy

    besy Истакнат член

    Зачленет:
    7 Јануари 2012
    Мислења:
    312
    Допаѓања:
    121
    Освем гиг за правење на линкови може да се направи и гиг (јас имам) за да научиш некого да прави сам линкови. (I will teach you how to make unlimited edu&gov backlinks). Да го најдам текстот на англиски кој треба да се достави до купувачот ке го објавам. :)
     
    1 person likes this.
  5. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Хехе .... тоа ти е како да си го даваш занаетот на друг ... сега ти одкако ке го „научиш“ и тој ќе почне да продава беклинкс, и што си направил? поголема конкуренција... а ако има он сега беклинкс, пак ке дојде и ке ти купи ;)
     
  6. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,967
    Допаѓања:
    809
    Конкуренцијата веќе ја има на Fiverr, а ова што ќе го продаваш само ќе ти донесе повеќе профит. Ми се допаѓа тоа што членови како besy размислуваат поинаку и заработуваат од тоа.
    Јас продавав како да дојдеш до повеќе Klouts има тема на форумов и навистина имаше доста купувачи.
    Повеќето од нив се луѓе на кои им треба само тоа што го бараат, и не креираат гигови со иста содржина, ја почитуваат твојата работа и не ти прават конкуренција.
     
  7. besy

    besy Истакнат член

    Зачленет:
    7 Јануари 2012
    Мислења:
    312
    Допаѓања:
    121
    Јас не работам на фивер, работам на gigbucks, бидејќи на фивер има голема конкуренција. Со gigbuck почнав пред 3-4 дена, досега ме имаат контактирано 6-7 луѓе , а со еден продолживме да соработуваме, треба да му помогнам во промоција на сајтот (сајт како фивер но 90% од парите ги зема продавачот) исто така се договоривме бесолатно моите гигови да ги прави feature. Еден совет: најчесто на страните како фивер лево има предлог гигој, тие што мојте да ги извршите, пишете му порака на побарувачот дека можете да му ја завршите работата, како атачмент можете да му пратите и емаил.
     
  8. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,967
    Допаѓања:
    809
    Секоја чест :)
     
  9. Zeratul

    Zeratul Член

    Зачленет:
    15 Март 2012
    Мислења:
    91
    Допаѓања:
    16
    Професија:
    Интернет Маркетинг и СЕО
    Ако можеш ТИ да оставиш беклинк од коментар - можат и ИЛЈАДНИЦИ други.
    Значи - линковите што си ги ставил се БЕЗВРЕДНИ односно сеа со најновиов пингвин ги рачуна како спамерски.
    Сериозно градење на беклинкови може да се оствари само од размена на блог постови, линкови и купување на линкови.

    П.С. Кој сака размена на линкови нека се јави. Имам повеќе блогови и И.П. адреси така да не е проблем АБЦ линкување.
    Имам и македонски и англиски
     
    На Bojan и Аце им се допаѓа ова.
  10. RicoSoto

    RicoSoto Интернет Маркетер

    Зачленет:
    18 Април 2012
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    7
    Професија:
    SEO Consultant
    Супер јас ги знаев овие финти и имам уште некои зачувано во тхт документ негде забатален да го најдам ќе ги постирам тука. Инаку за вистински ефекет, коментирајте на web 2.0 профилите (backlink на овие) кои фрлаат backlink на money сајтот, а не директно на money сајтот.позз
     
  11. kris

    kris Нов член

    Зачленет:
    19 Ноември 2011
    Мислења:
    25
    Допаѓања:
    6
    Што е финтата со повеќе И.П. адреси?
     
    На RicoSoto му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RicoSoto

    RicoSoto Интернет Маркетер

    Зачленет:
    18 Април 2012
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    7
    Професија:
    SEO Consultant
    Со тоа google ја мери на некој начин популатноста на блогот или сајтот. На пример ако тебе те знаат само во твоето мало ти и не си баш некој познат тип. Ако те знаат низ цело Скопје или Битола или било кој град веќе имаш некој авторитет а доколку те знаат низ целиот свет, веројатно си некоја важна и позната фаца и имаш углед и авторитет. Според тоа, колку повеќе луѓе од различни континенти и земји на светот покажуваат на кај тебе, толку си ти по-популарен.
    Google го гледа C блокот на IP - то. AAA.BBB.CCC.DDD. Пожелно е CCC да ти е што е можно поразлично кај backlink-овите мада јас препорачувам многу да не се замараш со ова и да обрнеш внимание на други и поважни работи. Ова е само еден фактор во алгоритамот на google за рангирање на страните.
     
    На Artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Zeratul

    Zeratul Член

    Зачленет:
    15 Март 2012
    Мислења:
    91
    Допаѓања:
    16
    Професија:
    Интернет Маркетинг и СЕО
    РицоСото одлично објаснил така да нема да повторувам.
     

Сподели: