Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Метод на заработка со помош на youtube (ранкување видеа)!

Дискусија во форумот 'Различни методи на заработка' започната од Seophisticated, 23 Мај 2012.

  1. Seophisticated

    Seophisticated Истакнат член

    Зачленет:
    4 Ноември 2011
    Мислења:
    194
    Допаѓања:
    51
    Здраво,

    Овој метод е прилично доста познат но мислам дека не е доволно дискутиран во детали на овој форум и затоа отварам тема со подетални информации околу чекорите.

    За монетизација најчесто се користат affiliate продукти од типот на Clickbank или Amazon, но CPA понуди исто така функционираат одлично, и заработката може да достигне големи бројки.

    Овој пат ќе дискутираме за квалитет не квантитет. Знаете дека квалитетот секогаш останува долго достапен на онлајн корисниците, додека пак квантитетот со низок квалитет со тек на време исчезнува со апдејтување на интернет сервисите.

    Пред се треба да ги истражите сите сервиси и достапен софтвер за креирање квалитетни видеа со малку труд и вложено време. Едни од тие сервиси кои ги имам користено досега и се покажале како квалитетна понуда се Animoto и Stupeflix. Повеќе работам со Stupeflix затоа што има многу едноставна и лесна и бесплатна платформа и со секој акаунт даваат едно гратис HD видео (правам многу акаунти пошто не бара емаил верификација) и добивам повеќе HD видеа.

    Но исто така можете да креирате видеа преку Video Spin Blaster.
    Кракот во фолдерот би требало да работи. После инсталација заменете го .exe фајлот во програмата со .exe кракот и активирајте го софтверот, ќе побара верификација, само кликнете continue и ќе се уклучи. Доколку случајно не работи кракот пишете ќе барам друг (неможев да го тестирам затоа што веќе го имам инсталирано софтверов)
    Download:
    Код:
    VBS.rar
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    Еве пример видео: Solar Panels For Your Home Cost - YouTube
    - Видеото не е 100% професионално затоа што на почеток има грешка, не е во висок HD квалитет, има stupeflix watermark (не ставаат веќе вакво, сега на крајот го ставаат, но лесно се вади со сечење преку youtube опциите за edit).
    Но истово видео моментално може да се направи 100% професионално без мака, во HD резолуција и да изгледа вистински убедливо. Анализирајте ги сите сегменти и ќе сфатите се што е потребно за да изгледа одлично.

    Секое видео кое ќе го направите, доколку е содржано само од слики, добро е да има глас во позадина, вашиот или гласот преку stupeflix сервисот. Би требало да има минимум 15-20 слики кои ќе се вртат додека вие ја правите вашата презентација. Или пак можете да правите комбинации од неколку видеа, со транзиции од едно во друго или со слики помеѓу транзициите. Експериментирајте, можете да направите огромен број комбинации како видеото би изгледало професионално. Важно е да има убедлив текст, на тоа треба да поработите подолго време. Користете трикови кои се користат во Sales Pages, како на пример Limited time offer, Secret revealed, Amazing promotion, Оne time offer, Change your way of living. Можете да тестирате и агресивен маркетинг: If you are not ready to follow me how i reveal a secret that has never been told before, please LEAVE NOW!

    Секое видео би требало да го направите во стил на sales page video каде ќе им објасните убаво и ќе им дадете неколку причини на луѓето за да го купат продуктот кој го промовирате или ќе им нудите бесплатни ствари за да остават mail на CPA понудите.

    Откако ќе креирате видео, со Video Spin Blaster направете 20тина спинувани верзии од него. Правете спин со рандом пиксели или бројки по избор.

    Видеата кревајте ги на различни акаунти и оптимизирајте го секое видео за одреден keyword односно клучен збор. За ова треба да направите keyword research со помош на adwords keyword tool при избирање на продукти кои ќе ги промовирате, или пак користете ја вашата интуиција, со кои зборови би пребарувале вие информации околу продуктот, и ќе откриете доста клучни зборови од тој сектор.

    Откако ќе ги оптимизирате видеата за клучните зборови во title, description и tags, и ќе ги додадете вашите affiliate/CPA линкови во description време е да почнете да ги ранкувате.
    За успешно да ранкувате видео потребни ви се Views, Likes, Favorites, Comments, Backlinks, Embeds.

    Views, Likes, Favorites и Comments можете да креирате преку бесплатниот сервис Vagex .com, Има многу лесни принципи да генерирате поени и да добивате views на вашите видеа. Vagex досега се покажа како еден од најквалитетните сервиси од овој вид и го препорачувам на сите. Што повеќе views, likes i comments, тоа подобро.

    Backlinks, најдобри за youtube видеа се social bookmarks, twitter retweets и по можност помал број од другите видови како forum profiles, blog comments i sl.

    Исто така важно е да ги "Embedirate" видеата 10-15 блогови. За ова препорачувам да барате на google со следниов footprint: site:wikispaces.com -protected solar panels (каде solar panels е вашиот клучен збор според видеото). Отворете ги сите wiki сајтови од првите десет страни од резултатите и ќе најдете задоволителна бројка отворени за EDIT (Пишува горе десно) кои можете да ги преуредите и да го ембедирате вашето видео, да ставите линкови од видеото или пак да си креирате линкови до вашиот сајт :) На крај пингувајте ги сите линкови и постирајте ги на Linklicious me каде нудат бесплатен сервис за crawling.


    Креирајте youtube видеа со ист квалитет како да креирате сајт за одреден продукт. Видеата поврзани со продукти ја имаат истата улога на youtube, само што многу полесно е да ранкувате видео одколку вебсајт.


    Ако има прашања слободно постирајте на темава.

    Има доста членови овде кои се занимаваат со youtube промоција па верувам дека сите ќе се надоврзат со некој посебен детал кои ќе ви овозможи полесно ранкување. Исто така слободно споделувајте сервиси кои ќе ја олеснат целата процедура околу креирање видеа, добивање views и креирање backlinks.
     
    На 2 членови им се допаѓа ова.
  2. viksamkd

    viksamkd Истакнат член

    Зачленет:
    6 Ноември 2011
    Мислења:
    131
    Допаѓања:
    40
    браво за постов дефинитивно има све што треба за како треба да правите правилна YouTube промоција.
    еве уште една скриена тајна што открив.уплодирајте го вашето видео освен на youtube и на други видео страни како dailymotion,metacafe etc. само откако ќе го стајте на овие страни линкувајте ги сите овие видеа до вашето оргинало видео на youtube.верујте има ептен добар ефект.Пример дознав дека metcafe побрзо добива ранк од youtube na google но и кратко седи таму.Затоа ствете на сите видео страни видеото и линкувајте назад до youtube.

    Уште еднаш браво за Марко за одличниот пост.
     
  3. RicoSoto

    RicoSoto Интернет Маркетер

    Зачленет:
    18 Април 2012
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    7
    Професија:
    SEO Consultant
    Да, со youtube може растур да направете ако играте паметно. Јас бев доста близу, може на сликата да видете колку посетители собрав за неполни 7-8 часа но youtube ми го тргна видеото не од причина што фати недозволена содржина со неговите механизми(знаев како да ги избегнам) него некој идиот македонец го пријавил видеото како copyrighted содржина и ми стигна посебна порака дека сум пријавен од трета страна според мене некој од канал 5 тв бидејќи ја снимав утакмицата директно од тв. За жал не успеав да си го "извозам" филмот иако направив неколку продажби(имав афф линкови од амазон за дресови) не сум задоволен бидејќи доколку до сега стоеше видеото ќе стигнеше чек со трицифрена а можени и четирицифрена бројка со оглед на тоа дека амазон има cookies до 30 дена али да не разлагаме за тоа. Битно е да пробате со youtube бидејќи таму лежи голема пара.
     

    Прикачени податотеки:

    • ScreenShot034.jpg
      ScreenShot034.jpg
      Големина на датотека:
      14.1 KB
      Прегледи:
      29
  4. Seophisticated

    Seophisticated Истакнат член

    Зачленет:
    4 Ноември 2011
    Мислења:
    194
    Допаѓања:
    51
    Таков е интернет бизнисот, како и во реален живот секогаш има некој што иде контра нормите али не се откажувај, ти го симнале видеото ? прави 10 акаунти и на сите крени го пак. 1000 пати ќе го кренам ако треба, ќе го поплавам youtube хаха.

    Позз
     
    1 person likes this.
  5. RicoSoto

    RicoSoto Интернет Маркетер

    Зачленет:
    18 Април 2012
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    7
    Професија:
    SEO Consultant
    Утре го пробувам Youtube Методот според твојов рецепт:) Да видеме што ќе испадне, одам со Амазон Aff. барам long tail зборови кои продаваат а за кои нема видео на првите 3 стани од Гугл и да задоволуваат некој search на месечно ниво. Ке биде тешко ама се наоѓаат постои еден софтвер seo optimizer ваде зборови кои не ги дава kw tool на гугл а има и други такви алатки паа...аирлија нека е работата:) позз
     
  6. Milton

    Milton Истакнат член

    Зачленет:
    17 Ноември 2011
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    133
    нек ти е аирлија RicoSoto..

    имај само во предвид.. производите кои ќе ги најдеш од Amazon да имаат reviews.. бар едно 100-тина позитивни reviews. да не испадне да потрошиш еден куп време да правиш видео за производ кој не е добро рангиран од корисниците.. а bottom line.. препораките од луѓето кои го имаат купено производот е она што ултимативно ќе го продаде.

    веројатно нема да најдеш продукти кои се во Top 100.. зошто за нив сигурно ќе има веќе направено видеа.. ама ако успееш да најдеш, ондак си на коњ :)

    еве ти едно квалитетно линкче за Amazon - Movers and Shakers производи.. можда ќе ти даде некоја идеја:

    Amazon.com Movers & Shakers: The biggest gainers in Amazon sales rank over the past 24 hours

    претпоставувам, нема потреба да објаснувам што и кои се овие производи :)
     
  7. Milton

    Milton Истакнат член

    Зачленет:
    17 Ноември 2011
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    133
    ставив видео на metacafe и dailymotion и во објаснувањето го ставив линкот кон youtube видеото.. ама кога го гледам видеото на овие страни, линкот не е обележан како линк, туку само како текст.

    има некоја фора што не ја знам или така треба? :)
     
  8. viksamkd

    viksamkd Истакнат член

    Зачленет:
    6 Ноември 2011
    Мислења:
    131
    Допаѓања:
    40
    порано имаше да се стави како линк.
    стави го како таг или пак стави си го нрмално во описот.незнам како баш али имам забележано дека некако гоогле повеќе ми го цени видеото кога има линкови од други видео сајтови
     
  9. Bj_man

    Bj_man Нов член

    Зачленет:
    28 Февруари 2015
    Мислења:
    8
    Допаѓања:
    0
    никој не пиша колкава е заработувачката
    --- Надополнето, 25 Септември 2015, Дата на објавување: 25 Септември 2015 ---
    мене ми треба страна да ги uploadiram сликите и видеата што ми ги бараат од еден проект зафаќаат 50 гига вкупно можам и да ги разделам ... ама во меѓудругото сакам да си ги ставам на некоја страна и да си куцкам некој денарче на download ,click i view ... ве молам кој знае да излези во пресрет
     

Сподели: