Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Како до успешен youtube канал

Дискусија во форумот 'Youtube' започната од Zerosec, 5 Ноември 2015.

  1. Zerosec

    Zerosec Член

    Зачленет:
    3 Февруари 2015
    Мислења:
    47
    Допаѓања:
    15
    Професија:
    CEO
    Најпрво здраво на сите, поради неколку луѓе кои беа заинтересирани за начинот на кој јас го водам мојот канал и успехот кој го имам постигнато, одлучив да споделам како стасав до тоа.

    Сите знаеме дека јутуб е многу моќна и добра платформа за заработка ако знаеме како да ја искористиме може да добиеме солидна сума на пари, од самото тоа што таа нуди реклами во текот на видеата а потоа и трафикот кој може да се обезбеди поради квалитетните видеа.
    ----------------
    1. Промоција
    2. Одредена публика
    3. Реални претплатници
    4. Квалитетна содржина
    5. Материјали без авторски права
    6. Среќа
    ----------------
    Промоцијата е еден од најбитните делови кои треба да ги запазиме во нашиот слулај, бидејќи од незе и од квалитетната содржина потекнува сите останати работи на нашиот канал, колку сме подобри во промоција на видеото толку повеќе луѓе ги предизвикуваме да го посетат нашето видео, и да им се привлечи нивното внимание а со добрата содржина да ги заджиме и да ги предизвикаме да се претпатат на нашиот канал. Јас лично гледам моите видеа пред се да бидат во HD снимка и да поседуваат добар звук. Потоа ја таргетирам публиката односно мојата цел се Соединетите Американски држави (САД), од каде дневната заработка ми е околу 13 американски долари. Реалните претплатници односно оние кои се активни, ни служат за да добиеме добри прегледи кога видеото ќе биде прикачено и можност истите да го споделат со нивни пријатели, во еден случај некој од тие што ме следат го имаше споделено моето видео на страница со околу 400к фанови, по што добив преку 50к прегледи за неполни 6 часа и моето видео веднаш беше промовирано од страна на јутуб со што се здобив со уште повеќе прегледи. Исто така, битен фактор е и описот но и таговите кои ги вметнуваме пред објавувањето на видеото, секое добро видео мора да биде во топ 5 видеа кога некој ќе ги пребарува по клучни зборови (видеата што се мои секогаш ги држат првите 6 позиции поради квалитетните тагови). Доколку имате материјали низ видеата кои имаат авторски права вашето видео нема да издржи повеќе од 31 ден на јутуб, односно ќе добиете забрана за рекламирање, или кратко кажано copyright, доколку добиете copyright strike вашето видео ќе биде избришано а по неколку вакви пријави ќе биде избришан и вашиот канал. Јас користам видеа кои немаат авторски права што значи јас сум единствениот сопственик на видеата, по што ја пријавувам мојата конкуренција и истите, добиваат забрана и се бришат од јутуб. Многу битен фактор е и среќата, доколку немате среќа и трпение нема да успеете мене одприлика ми требаа точно 3 месеци за првото видео да достигне 150к прегледи и да добијам стотина претплатници. Како доказ за тоа што го зборувам во прилог ви ги доставувам следниве сликчина.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Дневната заработка варира, во зависност од тоа колкава е должината на рекламата и каква е рекламата, има повеќе видеови на реклами...
     
    На kiko, Naneski и reykX им се допаѓа ова.
  2. kiko

    kiko Активен член

    Зачленет:
    3 Мај 2012
    Мислења:
    278
    Допаѓања:
    106
    одлично, ти посакувам среќа со ова, следен чекор би ти бил да инвестираш во некои фб страни или твитови да ги платиш да ти го пуштат видеото на нивните следбеници :)
     
  3. Мане

    Мане Член

    Зачленет:
    6 Февруари 2014
    Мислења:
    101
    Допаѓања:
    18
    Мене ми треба помош за views и subs небива никако.... немам среќа и немам ..
     
  4. Zerosec

    Zerosec Член

    Зачленет:
    3 Февруари 2015
    Мислења:
    47
    Допаѓања:
    15
    Професија:
    CEO
    Ти благодарам, но од тоа нема некоја голема заработка ако не го објави сам видеото т.е плаќаш 100 а добиваш 70% - 90%... Во секој случај забелешка на место за тие што планираат да почнат бидејќи јас го имам почетниот boost кога објавувам видеа имам и twitter имам и facebook страница... Може да се каже дека ако се искористат сите понудени „добра“ може да се направи таква страшна метода што може да се вади преку 50к месечно без да се појавиш во видео или слично...

    Најдобро ти е да почнеш со рекламирање на видеата, колку поагресивна реклама толку подобро за тебе, прегледите ќе ги добијаш во 5x поголем број, а претплатниците за x1.5...
     
    На kiko му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: