Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Заработка со microworkers

Дискусија во форумот 'Различни методи на заработка' започната од Nakolce, 20 Ноември 2011.

  1. Nakolce

    Nakolce Активен член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    510
    Допаѓања:
    84
    Професија:
    Електротехничар
    Microworkers е веб страна каде што плаќаат за изработена минимална работа. Работите најчесто се лајк на Facebook, +1 на google, follow на twitter, subscribe на youtube... ваквиот тип на работи обично се платени од 0.05 до 0.15 $. Покрај овие работи постојат и други кои се повеќе платени како на пример пост на форум со линк до негде, овие работи се платени околу 0.20$. Најчести се работите со PR1, PR2, PR3, PR4 блогови/веб сајтови. Односно за пост на PR1 блог плаќаат околу од 0.50 до 1.00$ во зависност од зборовите, за пост на PR2 се плаќа од 0,75 до 2.00$, за PR3 се плаќа од 1,50 до 2,50$ а за PR4 се плаќа од 2,50 до 11.00$ (ова е најголемата сума што сум ја сретнал овие неколку месеци која ја даваат за PR4 блог). Доколку во рок од 7 дена оној што ја направил работата не ја оцени како успешна или неуспешна, системот автоматски ја обележува како успешна.
    Кога сме кај исплатата. Минималната исплата е 9.00$ +fee 6,50% односно кога ке имате околу 10$ ке можете да ја направите првата исплата. Исплаќаат на alertpay и skrill. Но пред првата исплата ви испраќаат писмо на адресата која сте ја ставиле таму. Затоа гледајте адресата да биде точна бидејки можете да ја внесете само еднаш. Откако ке ви стигне писмото го внесувате кодот од него и чекате околу 5 работни дена да се изврши исплатата, односно еднаш неделно се врши исплата.
    За да го користите овој сервис да бидете работодавец се бара прво да имате уплата од 10$. Како гаранција. Парите што ги заработувате од работите можат да се трошат за работи кои вие ги креирате. Но само доколку имате направено уплата од 10$ на вашиот акаунт на microworkers.

    Сега за сега тоа е од мене. Доколку имате некои прашања слободно прашајте.
     
    На phpJedi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Makaveliz

    Makaveliz Нов член

    Зачленет:
    21 Ноември 2011
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    Парите што ги заработувате од работите можат да се трошат за работи кои вие ги креирате. Moze objasnuvanje?
     
  3. Milton

    Milton VIP

    Зачленет:
    17 Ноември 2011
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    133
    сака да ти каже да не се лакомиш да ги подигнеш парите, туку да ги реинвестираш :)

    утре ќе сакаш да платиш за хостинг или да регистрираш домејн.
    можеш да ги искористиш заработените пари од Microworkers, поточно од твојата сметка на Alertpay, Skrill etc. и да си платиш за некои одредени производи и услуги на интернет.
     
  4. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,939
    Допаѓања:
    798
    Доста интересна заработка за почетници користете го Skrill сервисот и ќе може истите пари да ги повлечете и на картица.
     
  5. Nakolce

    Nakolce Активен член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    510
    Допаѓања:
    84
    Професија:
    Електротехничар
    Еве ти објаснување:
    Системот на microworkers бара пред да започнете некој работа.. односно да бидете работодавец мора прво да донирате на microworkers. Јас лично пробав да отворам една работа и ми побара deposit од 10$ за работата да биде активирана... ако не направиш влог од 10 долари во рок од 48 часа парите ти се враќаат назад а работата се поништува.
     
  6. Nakolce

    Nakolce Активен член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    510
    Допаѓања:
    84
    Професија:
    Електротехничар
    Бидна и првата исплата..
    [​IMG]
     
  7. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,939
    Допаѓања:
    798
    Ајде за убаво нека е и нека се множат!
     
  8. aleksandar4o

    aleksandar4o Активен член

    Зачленет:
    7 Февруари 2012
    Мислења:
    412
    Допаѓања:
    184
    Еве 170 долари,регистриран од 6 Фебруар.Ма да првиот месец не нарпајф ни 15 долари..и не ги прам работите со Blog/Websites .com бидејќи имам само блогспот.
    [​IMG]
     
  9. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,939
    Допаѓања:
    798
    Имам забележано има повеќе Македонци кои се активни на MW и имаат доста заработен. Порано и јас во слободно време ќе подзавршев некоја работа па се извадија големи пари, сега незнам како е опадна новите работи затоа што ми се чини сеуште немаат PayPal (им го блокираа)...
     
  10. aleksandar4o

    aleksandar4o Активен член

    Зачленет:
    7 Февруари 2012
    Мислења:
    412
    Допаѓања:
    184
    Да да...има баѓи Македонци.Да нема Paypal но Skrill работи фино и преку него си ги вадам парите.Не ми требa Paypal :trollface:
     
  11. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Јас до сега катаљон работи имам извршено па уште сум на 7$ :D Не ги извршувам работите со форуми и блогови :/
     
  12. aleksandar4o

    aleksandar4o Активен член

    Зачленет:
    7 Февруари 2012
    Мислења:
    412
    Допаѓања:
    184
    Давај махимум...лесно е многу,за форуми пишими ПП ќе ти дадам линк до некои форуми каде ќе мојш да ги прајш сите работи поврзани со форум.И јас со блогови не ги правам освен ако има за блогспот(мада поќето се за .com .net.итн..)
    Иначе еден трик до сите македонски микроработници
    Кога ќе одиш на работата таму има од кој е направена(Кој е работодавачо)види слика
    [​IMG]
    Ова те носи до неговиот профил,овде пиши кога последно има влезено Last Seen Online!
    Јас имам најдено работи(од 1$ па нагоре)на кој работодавачите немаат влезено 2 недели,1 месец и слично.Сега имаф 3 од по 4$ за прифакање ама мајмуно влегол во последниот ден i na 1 week ago ми мана not-satisfied :frustrated: ах ќе си земеф 12 долари .. ништо хД
    Ако знаете оти ако работодавачо не ја прегледа работата по 1 недела сами си легнуваат парите на акаунто автоматски.
    6 days ago PR4 Blogs/Websites: 100 Word Post +...
    Eве уште ова ми остана ај утре со молби да не влези пак и ќе ми дат 4долари х...иначе не ја пробувајте финтава на некој шо не влегвал на пример 1-2 дена оти ќе влези пак и ќе ви мани not-satisfied.
     
    На MakedonecPC, dreamer и kon им се допаѓа ова.
  13. Vengeance

    Vengeance Член

    Зачленет:
    27 Февруари 2012
    Мислења:
    73
    Допаѓања:
    2
    Ја обожавам страницава... :)

    Еве и блогче што го имам почнато за помош околу работите...

    MicroworkersMK
     
  14. besy

    besy VIP

    Зачленет:
    7 Јануари 2012
    Мислења:
    312
    Допаѓања:
    121
    Мора адресата да е точна за да ти исплатат?
    Дали доколку адресата е точна а името лажно ке ми исплатат?

    ---------- Испратено во: 08:17 PM ---------- Претходното мислење е испратено во: 08:07 PM ----------

    За што се HG Jobs?
     
  15. aleksandar4o

    aleksandar4o Активен член

    Зачленет:
    7 Февруари 2012
    Мислења:
    412
    Допаѓања:
    184
    Што се грижиш толку за тоа..Да адресата мора да е точна ќе ти стигне дома писмо кое има ПИН и тој мора да го напишиш за да добиеш исплата.Тој се пиши еднаш,после ти е верифициран акаунтот.Нема врска името..само ко ќе ти стигни писмото ке пиши 7000 битола македонија и името под него така да нема гајле.
    HG Jobs= Hire Group Jobs се работи каде што работодавачите си најмуваат свои работници.Тие се помалце платени од основните работи(basic).
    @Vengeance би можело да го апдејтираш блого со нови податоци или доколку сакаш можам да го направам за тебе јас тоа.
     
  16. besy

    besy VIP

    Зачленет:
    7 Јануари 2012
    Мислења:
    312
    Допаѓања:
    121
    Фала на информацијата, јас мислев дека аку го видет името ке мислет дека не постојт таква адреса.
    Во врска со блогот од Vengeance, мислам дека е подобро да напрајш еден wordpress/joomla сајт на tk ли пак на платен домен, хостингот може да е и бесплатен.

    ---------- Испратено21-05-2012 во: 11:19 AM ---------- Претходното мислење е испратено 20-05-2012 во: 10:18 PM ----------

    Еве дел од македонските микоро работници.
    Код:
    You do not have permission to see this link.
     
  17. antisec23

    antisec23 Баниран

    Зачленет:
    3 Јуни 2012
    Мислења:
    66
    Допаѓања:
    9
    Професија:
    Programing
    и јас бев еден од најаквините 1.7к Доне таск ама сега Сум баннед :X
     
  18. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,939
    Допаѓања:
    798
    Која беше причината? може да дадеш повеќе инфо за да знаат другите и да не ја направат истата грешка.
     
  19. antisec23

    antisec23 Баниран

    Зачленет:
    3 Јуни 2012
    Мислења:
    66
    Допаѓања:
    9
    Професија:
    Programing
    ми беше Хакиран Акаунтот и Микроворкерс има таква неуба Страна шо можи дури и емаил да се промени од акаунтот но Незнам како го имав запаметено во мозила и влегов па го променив акаунтот и пасвордот пишав пораки на админот ми рече Please place New Withdraw Request we'll procced it Immediately и јас си напрајв "WITHDRAW REQUEST" но админот Спиеше Тој копиљакот пак влезе и со мојте пари си праеше кампањи шо значи колку и да менваш емаил пассворд тој пак ке влегва ако го има зачувано пас во net browserot. На неколку пати админот му мана CANCEL на кампањите но тој пак и пак пробуваше се додека на крај не пиша во инбокс кај админот
    "SIR Hacker is in my account he want To Take my money away Please Aprove my campaign fast"
    и кога тој ја прати таја порака јас видов и му кажав сите детали мој за акантот па за едно 1 мин Глеам log out пробвам да се логирам и ја добив ова порака
    Код:
    This account has been terminated and cannot be activated again.
     
    SPAM
     
  20. dreamer

    dreamer Активен член

    Зачленет:
    3 Мај 2012
    Мислења:
    280
    Допаѓања:
    87
    Професија:
    3D Modeling

Сподели: