Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Даноци на пари од Онлајн сметки.

Дискусија во форумот 'Различни методи на заработка' започната од Martinovski, 4 Март 2014.

  1. Martinovski

    Martinovski Активен член

    Зачленет:
    21 Декември 2011
    Мислења:
    153
    Допаѓања:
    32
    Сакам да прашам нешто, од бет365 си вадам пари редовно од skrill на картичката од НЛБ, во прашање се 1к евриќи и згора извадени, е сега, според сите закони и прописи јас треба да пријавам данок, добро во ред, а тие како ќе утврдат дали мене парите ми се од кладење или па другар од skrill негов акаунт ми има префрлано на мојот акаунт и така цело време парите се вртат да речиме.

    Стварно некои работи не ми се јасно дефинирани, а најмногу што ме нервира е на пример, и да не треба данок да платиш ( Се' си чист ) да одиш таму да проверат нешто дали треба да платиш дали не треба да платиш, ако му дајш пари не не` викаат, имам нешто и слушнато демек нешто се вадело некој список кој нема платено данок такви ми ти работи, па некој ако ептен не го мрзи нека напиши два-три реда муабет :) Фала.
     
  2. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    Ова се тешки правни работи, да си најдеш еден адвокат и сметководител и да ти објаснат детално... и ако не те мрзи тебе после, постирај го одговорот по форумиве, ептен сте досадни со прашањава околу даноци...!
     
  3. Martinovski

    Martinovski Активен член

    Зачленет:
    21 Декември 2011
    Мислења:
    153
    Допаѓања:
    32
    Неќам да бидам препотентен, ама ако нема шо да кажиш, терај патот. Јас демек незнам дека сметководител или адвокат можи да ми објасни.
     
    На xrt му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    Ова е форум за интернет маркетинг, си го згрешил местот за правни работи, оди на некој форум кај што има правници. ..
     
  5. conArtist

    conArtist Член

    Зачленет:
    1 Февруари 2014
    Мислења:
    68
    Допаѓања:
    37
    Ако вадиш од Bet365 на картичка, голема е веројатноста дека ќе имаш проблеми. Доколку вадиш преку Skrill, не би требало да имаш проблем, бидејќи не можат да докажат дали парите се заработени или поклон од некој твој близок, во акаунт не смеат да ти чепкаат. Исто така, 1000 евра месечно не се ништо.

    Мој совет, ќути си, дупи си. Имам извадено мнооогу повеќе од 1000 евра, па сеуште немам проблем со УЈП.

    И друго нешто многу важно, доколку прашуваш некој правник околу овие работи, прво прашај го дали знае што е тоа Skrill, доколку незнае, воопшто не пробувај да разговараш со него, слободно барај друг правник да прашаш. :)
     
  6. xrt

    xrt Член

    Зачленет:
    11 Октомври 2013
    Мислења:
    59
    Допаѓања:
    10
    Јас се јавив во УЈП за овој проблем, и ми рекоа дека Skrill е сива зона и неможат ништо да направат, барем сега за сега.
     
  7. dorco

    dorco Активен член

    Зачленет:
    26 Јануари 2013
    Мислења:
    352
    Допаѓања:
    116
    имаш идеја што треба да значи тоа дека неможат ништо да направат?
     
  8. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    од вакви радознали шкарт ликови, осеќам еден ден сите ке го јадеме....
     
    На Dabar, Professor, conArtist и уште 1 член му се допаѓа ова.
  9. Martinovski

    Martinovski Активен член

    Зачленет:
    21 Декември 2011
    Мислења:
    153
    Допаѓања:
    32
    Фала ви на сите за одговорите, поштујем.

    @Goranski Форумот е ИБиз (кратенка: интернет бизнис), а не ИМаркетинг, ок? И се`, ама буквално се што спаѓа под „интернет заработка“ може да биде прашано. Чао.
     
  10. xrt

    xrt Член

    Зачленет:
    11 Октомври 2013
    Мислења:
    59
    Допаѓања:
    10
    неможат да те оданочат на никаква основа, ќе кажеш дека ти се пратени од пријател/роднина и тоа е тоа.
     
  11. arso

    arso Активен член

    Зачленет:
    18 Април 2012
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    46
    Ало бре деца полека, не рипајте туку така, дај не ја барајте бељата, да не дојде до тоа, па ќе видиш дали ти на нив ќе им кажеш или они тебе ... дали они ќе треба или ти да докажуваш.
    Аман, секој ден тоа даноци па даноци од интернет, уште на вести да излезете да прашате.
    Кој мисли дека треба, нека појде нека си плати, 10 теми на форумов се отворија за ова, секој ден некој врти во УЈП, свесно и они оставаат, нафта не пијат, ама на толку досадување кај и да е сите ќе не опнат, па не за една, наназад за 5 години со камати, со кривични пријави, па после пак јавувајте се...
     
    На posteryu, conArtist и Goranski им се допаѓа ова.
  12. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652


    Така е, затоа и се курчам јас. 4 години немам ни данок платено ни пријавено нити некој ми рекол да платам. Ако не-дај боже дојде денот и бараат, ке си платам и тоа е тоа.
     
    На conArtist му/ѝ се допаѓа ова.
  13. xrt

    xrt Член

    Зачленет:
    11 Октомври 2013
    Мислења:
    59
    Допаѓања:
    10
    пренесувам само како ми кажаа на телефон ...
     
  14. МартинСК

    МартинСК Член

    Зачленет:
    17 Јануари 2014
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    21
    Фино ви кажа Горански, у случај некад да ви побараат ќе си платите и крај. Не сум јас должен да ги знам сите државни закони. Нит основам фирма, нит иам потреба да се замарам со правни глупости. Ако со закон треба да им платам, треба да ме известат за тоа...
     
    На conArtist му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LaFea

    LaFea Член

    Зачленет:
    3 Ноември 2013
    Мислења:
    89
    Допаѓања:
    37

    тоа ти така мислиш, за жал ујп не го дели твоето мислење. :) Цитирам:
    "Се можете да заборавите, ама данок не!

    Не заборавајте и не го чекајте
    последниот момент за да ја исполните
    вашата граѓанска должност." Затворен цитат :)
     
    На dorco му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ilishev

    Ilishev VIP

    Зачленет:
    11 Јули 2013
    Мислења:
    392
    Допаѓања:
    238
    Професија:
    SEO Consultant
    И јас не пријавив ниту пак лагам да пријавувам данок :D
     
  17. МартинСК

    МартинСК Член

    Зачленет:
    17 Јануари 2014
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    21
    Гледаш дека ни они не знаат точно да ти одговорат дали треба или не треба да плаќаш данок за пари шо ги заработуваш надвор од државата. Нека си ги средат законите, нека те известат дека со закон си обврзан да ги оданочиш парите, па после нормално дека ќе си плаќаш не си будала. Не пијат нафта они, знаат дека луѓе заработуваат онлајн и еве ко шо глеам на никој не дошле да му побараат данок, шо значи дека уште нешто не им е регулирано и точно декларирано у закон, иначе до сеа на сите ќе им дојдеа на врата.
     
  18. Ilishev

    Ilishev VIP

    Зачленет:
    11 Јули 2013
    Мислења:
    392
    Допаѓања:
    238
    Професија:
    SEO Consultant
    Персонален данок секако дека треба да пријавиш! Сакаш или неќаш мораш! Али јас не го пријавувам :)
     
  19. dorco

    dorco Активен член

    Зачленет:
    26 Јануари 2013
    Мислења:
    352
    Допаѓања:
    116
    тоа што незнаат да ти одговорат нема да те извади од гомната кога ке ти стигне казна. Не зборам за конкретниов случај, туку за било каков данок.
     
  20. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    Ке отворам во приштина сметка, најблиску ми е од скопје и кур ке пушат!!!
     
    На BEST и Ilishev им се допаѓа ова.

Сподели: