Приклучи ни се на фејсбук, Стани ФАН


ИБиз Македонија » ИБиз WebStart » CMS » Wordpress » Како да го заштитите вашиот Wordpress сајт


 
 
  
  
Реплика
Старо 07-02-2012, 04:44 AM   #1
 
Аватарот на Аце
 
Зачленет: Sep 2011
Локација: Во зависност од IP
Мислења: 438
Репутација: 71
Аце Репутациски Ранг 0
Прати порака преку Skype™ на Аце
Зададено Како да го заштитите вашиот Wordpress сајт

Ваква тема фалеше на форумов па решив да отворам.
Како да го заштитите вашиот Wordpress (скратено: WP) сајт од неранимајковци кои сакаат да направат штета. Откако ќе го инсталирате вашиот wp пожелно е да ги инсталирате следниве додатоци:

- Login LockDown - овој додаток ќе ви помогне од несакани обиди за најава во админ панелот на WP. После 3 обиди IP адресата автоматски е блокирана. Се подесува во Settings > Login LockDown.

- WP-DB-Backup - овој додаток ќе ви помогне да направите целосен бекап на вашиот сајт. Исто така има опција и за Scheduled бекап со тоа што ќе може да го подесите автоматски да испраќа бекап на ваш мејл за одредено време. Се подесува во Tools > Backup.

- WordPress File Monitor - овој додаток ќе ви дава извештај за секоја акција која ќе биде извршена на вашиот хост каде што е инсталиран WP, дали тоа ќе биде додавање на некој фајл, изменување или бришење, автоматски ќе добивате извештај преку e-mail за секаква акција направена и во кое време. Се подесува во Settings > WordPress File Monitor.

- WP Security Scan - овој додаток ќе ви го скенира вашиот WP сајт и ќе ви даде извештај каде да направите измени во безбедноста на вашиот сајт. На пример сетирање на пермисии на одредени локации и подобрување на безбедноста на истите. Има опција за бекап на базата, како и некои други информации во врска со безбедноста. Се подесува преку главното мени со избор на WSD Security.

- TAC (Theme Authenticity Checker) - овој додаток би требало да стои последен. Доколку користите легалена(купена) wp тема тогаш ова и нема да ви користи. TAC ги скенира темите кои ги имате инсталирано од злонамерни кодови (доколку користите нулирани). Одете во делот Appearance > TAC за да ги проверите вашите теми.

- Block Bad Queries (BBQ) - овој додаток ќе ве заштитува од малициозни софтвер кој може да ја инјектира вашата wp сајт и притоа да дојде до несакани проблеми . Откако ќе го инсталирате овој додаток тој сам ќе си ја врши неговата работа така да нема некои подесувања, едноставно затвора одредени конекции со тоа што ќе го направи вашиот сајт побезбеден.

Доколку имате статична IP адреса и сте единствен автор на вашиот сајт, ви го препорачувам Restrict Login By IP додатокот со кој што ќе дозволите само на одредени IP адреси да може да пристапат до /wp-admin кој е и главен дел за најава. Се што треба да направите е да го инсталирате додатокот и од менито Users > Allowed IPs додадете ја вашата IP во празното место и зачувајте ги промените. Овој додаток автоматски ќе креира .htaccess фајл и каде што ќе ги зачува вашите IP адреси.

Ова се неколкуте додатоци кои според мене би требало да ги имате. За какви и да било прашања, предлози или имате некој додаток кој би требало да го има во листата слободно пишете.
Се надевам овој пост ќе ви биде од корист.
Аце е офлајн   Одговор со цитат


3 од 3 членови им се допаѓа овој пост.
Старо 07-02-2012, 07:50 PM   #2
Член
 
Аватарот на Martinovski
 
Зачленет: Dec 2011
Мислења: 42
Репутација: 5
Martinovski Репутациски Ранг 0
Прати порака преку MSN на Martinovski Прати порака преку Skype™ на Martinovski
Зададено

Одлично Аце, имаш +1 од мене ...
Martinovski е офлајн   Одговор со цитат


Реплика

Тагови
вашиот, додатоци, вордпрес, заштитите, како, сајт, plugins, wordpress

Алатки за тема
Прикажи модови

Правила на пишување
Не можете да постирате нови теми.
Не можете да постирате мислења.
Не можете да постирате додатоци.
Не можетеда ги изменувате своите мислења.

BB code е вклучен/и
Смешковците се вклучен/и
[IMG] кодот е вклучен/и
HTML кодот е исклучен/и
Trackbacks are исклучен/и
Pingbacks are исклучен/и
Refbacks are исклучен/и


Часовите се според зоната GMT +2. Времето сега е 08:57 AM.
Powered by vBulletin® Copyright ©2000 - 2012, Jelsoft Enterprises Ltd.
© 2011 - . ИБиз Македонија. Сите права задржани.
Правилник за користење Приватност Импресум Контакт На врв